Клубовите од Саудиска Арабија почнаа сериозно да го тресат фудбалскиот пазар, особено после пристигнувањето на Кристиано Роналдо во Ал-Наср.
Роналдо потпиша договор со саудискиот клуб и стана најплатен фудбалер во историјата со неверојатни 200 милиони евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, на лудоста и нема крај па набрзо тој рекорд би можел да биде соборен и тоа од неговиот голем ривал Меси.
Имено, Ал Хилал е подготвен да му понуди плата од 300 милиони долари годишно на Лео Меси. Значителен дел од оваа сума ќе биде издвоен од државната каса.
Договорот на Аргентинецот со Пари Сен Жермен е до крајот на сезоната, па оваа понуда сериозно ќе ги поремети плановите за неговото продолжување на договорот со „светците“.
Саудиска Арабија се надева дека потписот на дете најголеми ѕвезди значително ќе го зголеми интересот за домашната лига, што пак ќе ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.