Дома Фудбал Англија Лудост во Англија: Навивач ypинираше во шише и го замени со шишето на голманот од кое пиеше вода

Лудост во Англија: Навивач ypинираше во шише и го замени со шишето на голманот од кое пиеше вода

Тимот од англискиот нисколигаш Гизли го совлада Ворингтон Таун со 1:0 во финалето на ФА трофејот, куп во кој учествуваат аматерски клубови ширум земјата.

Секако, ова само по себе не би било некоја вест, но навивач на шампионот Гизли „се потруди“ за овој натпревар да слушне низ светот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, навивач на Гизли уринирал во шише, влегол на теренот и го заменил со она од кое пиел противничкиот голман Тони Томспон.

Чуварот на мрежата на Ворингтон забележал што се случило и влегол во жестока расправија со навивачот, го земал шишето и го испрскал „хулиганот“.

Судијата беше принуден да му покаже црвен картон на Томпсон, но на голманот воопшто не му беше жал.

Набрзо стигна извинување од предводникот на Гизли, но веќе беше доцна. Срамното видео го обиколи светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Николов: Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг …