Со натпреварот помеѓу екипите на Арсенал и Лестер денес беше отворена новата сезона во Премиер лигата, на oтварањето сезоната во неверојатен натпревар победа запиша тимот на Арсенал со резултат 4:3
Натпреварот за избраниците на Арсен Венгер не можеше да започне подобро, после само две минути игра Александар Лаказет го постигна дебитантскиот гол во Премиер лигата за рано водство на „топциите“. Сепак радоста на домаќините кратко траеше, само три минути подоцна Оказаки погоди за израмнување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал прикажуваше добра игра создаде неколку прилики пред голот на Шмајхел, но Џејми Варди во 29 минута од средбата ја затресе мрежата на Петар Чех за целосен пресверт.
Гостите имаа предност се до финишот на првиот дел кога Дани Велбек успеа да погоди и покаже зошто доби предност пред Оливие Жиру во овој натпревар.
Во вториот дел работите не се променија многу и двата тима создаваа по некоја шанса со мала инцијатива на домаќините. Иако Арсенал имаше иницијатива, ново водство за „лисиците“ донесе Џејми Варди кој со вториот гол на натпреварот најави нова добра сезона. За нов погодок се чекаше се до 83 минута од средбата кога Арон Рамзи успеа ја затресе мрежата на гостите и да донесе изедначување.
Добрата игра на „топџиите“ во финишот апсолутно се исплатеше, ново влезениот Жиру погоди во 85 минута за победа и „круна“ на фантастичниот натпревар на самиот старт во Премиер лигата.
Ако денот по утрото се познава, пред нас е нова фантастична сезона во најсилното англиско натпреварување.