После трејдот со Лејкерси нови промени во Охајо и нов потрес во НБА лигата.
Кливленд слабо ја започна тековната сезона, па беше само прашање на време кога ќе направат одредени промени во ростерот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес е последен ден за такво нешто, а актуелниот шампион на исоткот направи дури пет промени.
Веќе пишувавме дека во Кавси пристигнуваат Лери Ненс Жуниор и Џордан Кларксон од Лејкерси додека на „Стејплс центарот“ преминуваат Ајзеа Томас, Ченинг Фрај и првиот пик на Кавси од наредниот драфт.
Но, не застанаа тука, сега објавија уште два трејда и направија три големи промени во ростерот.
Како што пренесува Адријан Војнаровски, објавена е размената со Јута и Сакраменто.
Во Кливленд пристигнуваат Родни Худ од Јута и Џорџ Хил од Сакрамент, Сакраменто ќе го добие Џо Џонсон од Јута и иман Шамперт од Кливленд, додека Јута го добива Дерик Роуз и Џејк Краудер, двајцата одат во редовите на тимот од Охајо.
Значи да сумираме:
Кливленд ги добива: Родни Худ, Џоџр Хил
Јута ги добива: Дерик Роуз, Џеј Краудер
Сакраменто ги добива: Џо Џонсон, Иман Шамперт.
Тоа сепак не е се, Кливленд одлучи да му излезе во пресрет и на Двејн Вејд кој ќе пуштат да се врати во Мајами. Вејд се врати на Флорида каде што и сака да ја заврши кариерата, а за возврат Кливленд од Мајами ќе го доби пикот од втората рунда на наредниот драфт кој ќе го испратат во Сакраменто.
Вистинска лудница во Охајо, Кливленд добива целосно поинаков тим.