Дома Фудбал Останато Лоши вести од Франција: Магазинот кој ја доделува „Златната топка“ пред згаснување!

Лоши вести од Франција: Магазинот кој ја доделува „Златната топка“ пред згаснување!

Еден од најпознатите спортски весници во светот „Л’Екип“ поминува низ најтешкиот период од неговото постоење и затоа полека го згаснува „Франс Фудбал“, магазинот кој го доделува најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, „Златната топка“.

Медиумите во Франција обајвија дека „Франс Фудбал“ нема да излегува како печат еднаш неделно, туку само еднаш месечно и тоа како подлисток на „Л’Екип“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој магазин од 1956 година ја доделува „Златната топка“ и изгради такво големо реноме што до сега веројатно имаше интервју со сите фудбалски ѕвезди.

„Л’Екип“ поминува низ многу тежок период поради што мораше да отпушти 56 вработени од реедакцијата, затоа и „Франс Фудбал“ се најде во таква тешка позиција. Останува надежта дека државата или некој француски бизнисмен ќе реагираат за да не заврши ваквата долга традиција.

Прашање е дали со згаснувањето на „Франс Фудбал“, „Златната топка“ ќе продолжи да се доделува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…