Јувентус во Серија А ја продолжи добрата серија на резултати од пред почетокот на Светското првенство, „старата дама“ има осум победи во низа без примен гол.
На вчерашниот натпревар против Удинезе, Анхел Ди Марија се врати во стартниот тим, но во 60-тата минута побара да биде заменет поради повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првичните информации од Торино се дека станува збор за повреда на мускулот. Поради таа повреда Ди Марија пропушти некои натпревари на Аргентина вна СП во Катар.
Повредата на Аргентинецот веројатно значи дека Алегри нема да може да смета на него за големото дерби против Наполи кое се игра во петок.
Треба да се додаде и дека од претходно е познато дека Јувентус не може да смета на Погба и Влаховиќ.