Дома Фудбал Англија Лоши вести за фудбалската јавност: Агуеро ИТНО префрлен во болница

Лоши вести за фудбалската јавност: Агуеро ИТНО префрлен во болница

Серхио Агуеро заврши во болница на полувремето од пријателскиот меч со Нигерија во Русија.

Штотуку стигна веста од аргентинските медиуми, на Агуеро му се слошило, паднал во несвест во соблекувалната и итно е пренесен во болница.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За среќа, итната медицинската помош брзо интервенираше, Агуеро е испратен на детални испитувања и се чекаат резултатите.

Засега нема информации за што точно се работи, ниту колку Агуеро ќе отсуствува од натпреварите.

За потсетување, тој пред помалку од два месеци исто така мораше итно да замине во болница, бидејќи доживеа сообраќајна несреќа во едно такси во Амстердам, а тогаш пукна неговото ребро.

Јасно е дека Агуеро е под голем знак прашалник за гостувањето во Лестер в сабота, но уште поважно е да биде добро, односно да не се работи за нешто страшно врзано за неговото здравје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…