Дома Фудбал Италија Лоши вести за Рома пред многу важниот натпреварот против Наполи

Лоши вести за Рома пред многу важниот натпреварот против Наполи

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери има големи проблеми со составуање на екипата за натпреварот против Наполи.

Рома на „Олимпико“ во недела ќе го пречека второпласираниот тим во шампионатот во многу важниот натпревар, а многу е веројатно дека овој натпревар ќе го пропушти Един Џеко. Џеко во репрезентативните натпревари против Арменија и Грција играше со повреда. Обврските во националниот тим не сакаше да ги пропушти, но клупските, како што сега стојат работите, ќе мора.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Џеко не е единствениот кој би можел да го пропушти натпреварот против Наполи. Речиси сигурно дека во составот нема да биде ниту Стефан Ел Шарави и Алесандро Флоренци, па Раниери е принуден да направи одредени рокади во тимот. Меѓутоа, не е така се црно за овој искусен стратег. Од повреда се враќаат Александар Коларов и Ченгиз Андер и тие би требале да го започнат натпреварот од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој не го направил тоа што го направи Ливерпул во првите четири кола во ПЛ

Ливерпул го продолжи победничкиот тек во четвртото коло од англиската Премиер лига, извоју…