Дома Фудбал Лоши вести за Реал Мадрид со повредата на Родриго

Лоши вести за Реал Мадрид со повредата на Родриго

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго (19) се повреди во натпреварот против Гранада.

Овој 19 годишен фудбалер не можеше да го продолжи мечот откако се фати за бутниот мускул во еден продор и на носилки беше изнесен од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Резултатите кои стигнаа денес покажаа дека се работи за сериозна повреда. Родриго се здобил со руптура на бутниот мускул на десната нога и според првите информации ќе биде надвор од теренот три месеци.

Ова секако се лоши вести за клубот и за младиот фудбалер кој сезонава добиваше прилика кај Зинедин Зидан.

Бразилецот вкупно одигра 17 натпревари и оствари учинок од еден гол и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…