Информациите од Италија не се добри за навивачите на Милан кои очекуваа засилувања ова лето.
Пандемијата со коронавирусот донесе финансиски проблеми во повеќе клубови, а поради тоа и Милан ќе има прилично мал буџет за трансфери во преодниот рок кој следи.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Познатиот италијански медиум „Калчомеркато“ пишува дека Милан за овој преоден рок одбил само 30 милиони евра. Ваквата информација на техничкиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара им била соопштена од повисокото раководство на клубот.
Сумат би можела да биде зголемена само во случај ако има продажби.
Кога сме кај засилувањата во наредните денови се очекува да се комплетира позајмицата на Бакајоко. Како и да е јасно е дека со 30 милиони евра во денешни услови на трансфер пазарот не може многу да се очекува.