Дома Фудбал Лоши вести за Манчестер Сити: Кевин де Брујне го пропушта натпреварот против Њукасл

Лоши вести за Манчестер Сити: Кевин де Брујне го пропушта натпреварот против Њукасл

Денеска од 13 часот и 30 минути фудбалерите на Манчестер Сити му гостуваат на тимот на Њукасл во шестото коло од Премиер лигата.

Граѓаните го дочекуваат овој меч како фаворити, но и ќе бидат донекаде ослабени со оглед на тоа што покрај Родри, кој ја заврши сезоната, на овој меч нема да настапи уште еден многу важен играч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Станува збор за Кевин де Брујне кој се опоравува од повреда, а информацијата ја потврди добро информираниот новинар Фабрицио Романо.

Кевин де Брујне исто така ќе го пропушти натпреварот против Њукасл – изјави Романо.

Во продолжение Пеп Гвардиола, тренерот на Сити, истакна дека не е сигурен кога Де Брујне ќе се врати во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …