Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота нема да се рехабилитира до крајот на јануари, пренесува „Атлетик“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот ќе започне со тренинзи дури следниот месец, па најрано се очекува да ссе врати на терените во февруари.
Жота се повреди на средината на октомври и поради повреда го пропушти Мундијалот во Катар.
Се очекуваше да се врати на терените до крајот на овој месец, но повредата се покажа потешка од предвиденото, па ќе мора да паузира уште два месеци.
Жота оваа сезона има само 8 настапи за Ливерпул, на кои запиша 5 асистенции.