Дома Фудбал Англија Лоши вести за Конте – познато колку ќе отсуствува Мората

Лоши вести за Конте – познато колку ќе отсуствува Мората

Алваро Мората еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени како последица на повредата која ja доби на саботното дерби со Манчестер Сити, потврдија англиските медиуми.

Мората во дербито на „Стенфорд бриџ“ играше половина час, па самиот побара да биде заменет поради повредата.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Би-Би-Си“ објави дека Шпанецот ќе отсуствува еден месец, а доколку рехбилитацијата не оди според посакуваното, тој би можел да биде надвор од фудбалските терени околу два месеца.

Мората, кој во летниот преоден рок пристигна во Челзи за сума од 65 милиони евра, ќе ги пропушти репрезентативните натпревари со Албанија и Израел.

Од таборот на Челзи се надеваат дека Шпанецот ќе се врати за дербито со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Барселона: Се повреди еден од најдобрите фудбалери, погледнете ја реакцијата на Флик (Видео)

Фудбалерите на Барселона обезбедија уште една убедлива победа на својата турнеја во Јужна …