Дома Фудбал Останато Лоши вести за Валверде и Барселона пред „Ел Класико“

Лоши вести за Валверде и Барселона пред „Ел Класико“

Барселона последниот натпревар пред интернационалната пауза против Севиља лесно го доби со резултат од 4:0.

Сепак, судијата Лахоз на самиот крај од натпреварот им даде два црвени картони на домаќините. Првиот Арауху може да се правда, бидејќи беше последниот дефанзивец во одбраната, додека за црвениот картон на Дембеле имаше многу прашина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главниот судија изјави дека Французинот изговорил лоши зборови при првиот црвен картон, додека соиграчите и управата на Барселона го бранат своето криоло со изговор дека поранешниот фудбалер на Борусија и понатаму не го владее шпанскиот јазик и не можел да го навреди судијата.

Сепак, според пишувањето на шпанските медиуми, Францзинот ќе биде казнет и тоа со два натпревари, така да покрај Еибар, Дембеле ќе го пропушти и „Ел Класико“. Дембеле само што се врати во форма по повредата, натпреварот против Севиља го започна од првата минута и постигна гол. Останаува да се види дали Барселона ќе упати жалба на оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …