Дома Фудбал Англија Лоши вести за Артета: Заврши сезоната за еден од најважните играчи на Арсенал!

Лоши вести за Артета: Заврши сезоната за еден од најважните играчи на Арсенал!

Арсенал е лидер во Премиер лигата, но сега овој тим доби лоши вести, еден од најважните фудбалери на тимот, Јапонецот, Такехрио Томијасу нема да игра во продолжение од сезоната поради повреда.

На Јапонецот му беше извршен оперативен зафат, а лекарите констатирале дека повредата е посериозна од она што претходно се мислеше. Томијасу беше заманет уште во деветтата минута од натпреварот со Спортинг во Лигата на Европа и стравувањата подоцна беа потврдени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лондонскиот клуб објави дека повредата на коленото на фудбалерот е сериозна и нема шанси повеќе да настапува оваа сезона.

Томијасу од почетокот на сезоната е важен дел од тимот на Артета и одигра 21 натпревар во домашнот првенство. Со неговото отсуство се намалува просторот за ротација на Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…