Шпанскиот стратег Микел Артета смета дека му недостасуваат уште засилувања, а според последните најави веќе има одредени замисли.
Желби на Артета наводно се Антоан Семењо и Милош Керкез. Се очекува првоспоменатиот да биде замена за Букај Сако, додека Керкез би можел да биде дури и во првиот состав доколку Зинченко биде продаден на лето. И Киран Тиерни е фудбалер кој може да игра на таа позиција, но јасно е дека е далеку од очекуваната форма и дека клубот мора да најде подобро решение, исто како и унгарскиот репрезентативец роден во Врбас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Семењо има 24 години и сезонава веќе постигна три гола и запиша една асистенција во Премиер лигата во првите седум кола, а стандарден е и Керкез во првите кола од шампионат.
За овие двајца на Арсенал би требало да плати сума од околу 80 милиони евра.