Поради пандемијата со коронавирусот фудбалските клубови се финансиски погодени и ги намалуваат платите на фудбалерите, а тоа ќе се одрази на трансфер пазарот.
Медиумите на Островот пренесуваат дека раководните луѓе на Тотенхем донеле одлука да го намалат буџетот за трансфери ова лето, поради финансиските загуби од пандемијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ веќе ги намалија платите на сите вработени во клубот за 20%, но не и на фудбалерите. Тоа крена лавина реакции, особено откако се дозна дека претседателот Леви добил девидента од 7 милиони фунти.
Во јануари Тотенхем донесе едно засилување, Стивен Бергвајн за кого клубит плати 35 милиони евра.