Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито не попушташе, но изгледа на неговата тврдоглавост дојде крајот!
Сергеј Милинковиќ Савиќ се поврзува со заминување од Лацио од моментот кога стартуваше преодниот рок, но со своите преголеми барања, Лотито ги „избрка“ заинтесираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес, Савиќ не се појави на прегледите во Рим, агентот Кежман тврдеше дека фудбалерот го испуштил авионот и дека не е во прашање ништо повеќе, но многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите зборови.
После ваквата ситуација, во медиумите во Италија се појави и нова вест поврзана со Сергеј.
Имено, Лотито сега ќе се согласи да го продаде Савиќ за сума помеѓу 100 и 110 милиони евра со бонуси, што би можело да доведе до ситуација да ги врати претходно заинтересираните клубови Челзи, ПСЖ и Реал Мадрид. Јувентус исто така го сакаше, но прашање е колку „старата дама“ спремна да издвои уште една „стотка“ после трансферот на Роналдо. Покрај тоа на големи се тврди дека Пјаниќ ќе добие нов договор, па не е јасно колку им е потребен Сергеј.
Сепак, доколку ваквите најави се вистина големата трка за Србинот што туку започнува, а кој ќе успее да го доведе останува да видиме до крајот на преодниот рок.