Дома Трансфер зона Лотито: Милинковиќ-Савиќ не е на продажба, одбив 140 милиони

Лотито: Милинковиќ-Савиќ не е на продажба, одбив 140 милиони

Иднината на Сергеј Милинковиќ-Савиќ е главна тема на Апенините бидејќи ова лето најверојатно ќе го напушти Лацио.

СМС игра уште една фантастична сезона и иако има договор со Лацио до 2024 година, сепак го известил раководството дека сака трансфер и да направи чекор напред во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Лацио нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, а претседателот Лотито откри дека во минатото одбил 140 милиони евра.

„Милинковиќ не е на продажба. Пред неколку години одбив понуда од 140 милиони евра за него. Би го прашал Сегеј што сака само во случај да добиеме значајна понуда од најголемите клубови од светска класа“,изјави Лотито.

Интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, а медиумите во Италија пренесуваат дека Лацио ќе се согласи да го пушти за сума помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ-Пикси го советува Сергеј да се пресели во Јувентус и да игра заедно со Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…