Вчера во Цирих се одржа церемонијата на која ФИФА ги избираше најдобрите за 2021 година.
За најдобар во светот беше избран Роберт Левандовски кој зад себе има одлична година во Баерн. Левандовски успеа да ги победи Салах и Меси кои му беа конкуренција и освоија помалку гласови од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така ФИФА го избираше и најдобриот тим во 2021 година и изборот предизвика многу реакции. Тимот бешеи збран во формација 3-3-4 и имавме дури четворица напаѓачи, но меѓу нив немаше место за Салах.
Многумина беа изненадени што Салах не се најде во идеалниот тим, а критики испрати и Дејан Ловрен.
„Нема место за Салах во тимот на годината на ФИФА??? Повторно! Луѓето кои разбираат фудбал знаат дека тој заслужува да биде во него. Што треба да направи уште да биде дел од тој тим? Можеби да има европски пасош?“. порача Ловрен.
No place for @MoSalah to be placed in the Fifapro world11?? Again!!
— Dejan Lovren (@Dejan06Lovren) January 18, 2022
People with knowledge about football they know that he deserves to be in there. What needs to be done to be there? Maybe a European passport. 🤷🏻♂️