Дома Фудбал Останато Ловрен кон навивачите на Ливерпул: Само сере*е! Засрамете се…(фото)

Ловрен кон навивачите на Ливерпул: Само сере*е! Засрамете се…(фото)

Два месеци поминаа од финалето во Лигата на шампионите во кое трагичар беше Лорис Кариус.

Голманот на Ливерпул беше главен виновник за два погодоци на Реал кој на крајот славеше победа од 3:1 и така ја одбрани титулата европски шампион. Германецот прво му „поклони“ гол на Карим Бензема, а при третиот гол за гостите ја испушти топката после ударот на Бејл. После натпреварот Кариус заплака барајќи прошка од навивачите.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Од едни Кариус доби извинување, но други не му простија, но веднаш стана и предмет на исмевање на друштвените мрежи.

Ливерпул во меѓувреме за рекордни 75 милиони евра го доведе голманот на Рома Алисон Бекер, но сите со нетрпение како да чекаа Кариус повторно да погреши. Овој пат голманот имаше лош ден во пријателски натпревар против Борусија Дортмунд, но за негова среќа напаѓачот на „милионерите“ промаши празен гол.

После новите грешки следуваше напад на критики од навивачите на Ливерпул кон Бекер. Така една страна на Инстаграм објави видео со натпис „Му благодариме на Бог што го имаме Алисон Бекер“, на ваквата објава следуваше одговор лично од Дејан Ловрен.

„Само сере*е! Засрамете се поради начинот на кои се однесувате кон наш играч!“, гласеше коментарот на Ловрен.

lovren

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…