Eмилијано Сала трагично го загуби животот во авионската несреќа над Ла Манш.
Телото на Сала беше пронајдено после повеќедневна истрага, а светот остана изненаден кога од мртовечницата се појавија слики од телото на Сала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека телото на Сала било во мртовечницата која била под видео надзор две лица направиле фотографии и ги пласирале на социјалните мрежи.
Станува збор директоркатан а компанијата за надзор, Шери Бреј и Кристофер Ешфорд кој бил подреден работник. Обвинението со кое се соочуваат е нелегално објавување на фотографии. Казните кои добиле се 14, односно пет месеци зад решетки.
Форензичарот Базил Пурдју бил шокиран што воопшто мртовечницата била под видео надзор.
„Не знаев дека е дозволено такво нешто. Ако станува збор за моја мртовечница, јас никогаш не би дозволил такво нешто“, изјави Пурдју.