Дома Фудбал Останато Липи: Пирло е роден да биде се, смешно е тоа што луѓето го мислат за него

Липи: Пирло е роден да биде се, смешно е тоа што луѓето го мислат за него

Андреа Пирло неодамна беше промовиран во нов тренер на Јувентус каде што го наследи Маурицио Сари.

Ретко кој очекуваше Пирло да добие шанса во Јувентус без ниту ден тренерско искуство, но тоа се случи. И покрај тоа што нема искуство Марчело Липи смета дека Пирло е спремен за големи дела.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Андреа е роден да биде се, не само тренер. Спосебен е за многу работи. Смешно ми е тоа што луѓето за Пирло мислат дека е мирен и повлечен, тој всушност е еден од оние кои најмногу се шегуваат. Има посебна харизма и Јувентус тоа го препозна“.

Пирло има само 41 година и е помлад од Буфон, а на тоа Липи гледа како предност.

„Уште е како големите шампиони кои сега играат, така да може рамноправно да разговара со играчи како Роналдо и Киелини, баш како колега. Зидан беше сличен кога го превзема Реал и на Јувентус во овој момент можеби токму вакво нешто му е потребно. Зидан не донесе некои технички промени или тренерски иновации во Реал, само го натера тимот да се чувствува мирно“, изјави Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…