Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи, смета дека Џанлуиџи Буфон се уште не треба да оди во пензија.
Буфон на 28 јануари полни 40 години и најави повлекување од фудбалот. Неговата репрезентација не успеа да се пласира на Мундијалот, а неговиот Јувентус минатиот јуни пропушти да ја освои Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку Буфон се повлече на крајот на оваа сезона нема да го собори рекордот на Паоло Малдини по бројот на одиграни натпревари во Серија А.
„Буфон би бил добар во се што е поврзано со фудбалот. Зборуваме за човек кој може да привлече луѓето околу себе и веднаш да стане лидер. Би го советувал да се повлече кога ќе почуствува дека е спремен за тоа бидејќи мислам дека длабоко во себе се уште е заинтересиран за тој рекорд во Серија А. Кога ќе заврши со играњето може да одмори уште неколку години и да ужива со семејството, па потоа добро да размисли што сака понатаму да прави“, изјави Липи.