Дома Фудбал Италија Липи го споредуваше со Малдини, Мурињо му предвидуваше голема кариера, а тој објави пензија на 31 година

Липи го споредуваше со Малдини, Мурињо му предвидуваше голема кариера, а тој објави пензија на 31 година

Во 2009 година Жозе Мурињо најави голема кариера и успех на Давиде Сантон, во 2009-та и 2010-та тој важеше за еден од најголемите фудбалски таленти.

Португалецот го откри дефанзивецот и му даде шанса во првиот тим на Интер. Тогаш Сантон се претстави како играч кој може да биде опасен и во напад и во одбрана, а легендарниот Марчело Липи го споредуваше дури и со Паоло Малдини.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сепак, повредите во текот на кариерата не му дозволија да го исполни својот потенцијал и неговата кариера постојано беше во пад. Имаше епизода во Њукасл, откако не се пронајде се врати во Интер, потоа заигра за Рома, меѓутоа сега објави пензија на 31 година.

„Моето тело не може да го издржи овој напор, немам колена за фудбал и морам да кажам крај. Имав понуди, но повеќе не сакав да одам на медицински прегледи. Голем е ризикот да одиграм еден натпревар па да паузирам пет, преморен сум од такви работо.

Левото колено скоро и да не ми постои, на десното имав три операции со отстранување на менискус и секоја помала повреда за мене е проблем“, искрено зборуваше Сантон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзен предлог на претседателот на Бразил: „Ако играш во Европа, не можеш да влезеш во репрезентацијата“

Претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, предизвика жестоки реакции и голема д…