Дома Видео Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

Лион испадна од купот, Фекир промаши пенал

Во натпревар од четвртфиналето во Купот на Франција, Лион на својот стадион е поразен од Стразбур со 2:1.

Лион сигурно имал желба да оди до крајот, но Стразбур го изненади домашниот тим и избори полуфинале после голема борба.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во првиот дел беа досудени два пенала, по еден на двете страни. Гостите го искористија ударот од белата точка, а Набил Фекир во завршницата на првиот дел промаши.

Сепак, Лион во 49. минута дојде до изедначување, по асистенција на Депај реализираше резервистот Траоре за нова надеж за полуфинале.

Само три минути подоцна, гостите повторно во водство, овој пат стрелец беше Коне и Стразбур успеа до крајот да ја сочува предноста и да го елиминира фаворитот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Аморим очајнички се обидува да го задржи, но тој само чека јануари за да „избега“ од Манчестер Јунајтед

Таман кога ќе се чини дека проблемите за Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед се исчезнале, …