На големо на Островот се пишуваше дека Езгјан Алиоски ќе го напушти Лидс, македонскиот фудбалер беше пред трансфер во Галатасарај, но тие преговори пропаднаа.
На првата понуда на Лидс Алиоски не одговори, па неговата иднина ќе се решава кога ќе се врати во клубот по Европското првенство. Со добар настап на ЕП сигурно дека неговата вредност може да се зголеми, за тоа се свесни и во Лидс.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Токму затоа во англиските медиуми се појави информација дека Алиоски добил нова подобрена понуда од Лидс.
Според актуелниот договор Алиоски добива 55.000 фунти недела и само четворица играчи заработуваат повеќе од него. Со новиот договор Џани сигурно би се нашол погоре на листата.