Лидс го потврди трансферот со кој се надмина себе си.
Кога Марсело Биелса првпат го спомена Родриго сите на „Еланд Роунд“ мислеа дека тоа е играч кој е преголем залак за нив. Тоа сепак беше напаѓач кој пред короната држеше цена од 60 милиони евра и се поврзуваше со клубови како Атлетико и Барселона. На крајот изненадувачки успеаа Лидс со Родриго да потпише договор на четири години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него Лидс ќе плати 30 милиони евра, а Валенсија преку бонусите може да заработи и нешто повеќе, се шпекулира дури и до 40 милиони евра.
Последен пат кога Лидс издвои голема сума беше за Рио Фердинанд кој го доведоа од Вест Хем пред цели 20 години. Тогаш Рио само што го прослави 22 роденден беше платен 26 милиони евра.
Шпанскиот репрезентативец сигурно можеше да оди во клуб кој игра Лига на шампиони, меѓутоа Марсело Биелса бил главниот „виновник“ што тој се најде на „Еланд Роунд“. Навивачите така добија засилување за кое не можеа ниту да сонуваат. Доволно е да се каже дека негова алтернатива беше Оли Воткинс од Брентфорд.
Нашиот Алиоски сигурно доби одличен соиграч и ќе видиме како ќе изгледаат на теренот кога сезоната во Премиер лигата ќе започне.