Дома Фудбал Останато Лига Европа: Реми на дербито во Манчестер, Арсенал и Рома сигурни, пораз за Ристовски и Адеми во Лондон 🎥

Лига Европа: Реми на дербито во Манчестер, Арсенал и Рома сигурни, пораз за Ристовски и Адеми во Лондон 🎥

Фудбалерите на Рома вечерва на свој терен го победија Шахтјор со 3:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

Рома одигра одличен натпревар и за служено дојде до супер резултат пред реваншот кој се игра идната недела во Украина.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Одличен натпревар гледавме во Пиреа каде Арсенал како гостин го победи Олимпијакос со 1:3.

Топџиите поведоа во 34 минута кога одличен гол постигна Мартин Одегард. Но грчкиот тим изедначи на 1:1 на почетокот на вториот дел. Аматерска грешка направи одбраната на гостите, а тоа го искористи

Ел Араби кој погоди за 1:1. Арсенал до крајот на натпрев арот успеа да дојде до победа. Прво Габриел во 79 минута постигна гол за 2:1, конечните 3:1 ги постави Елнени.

Стефан Ристовски и Арјан Адеми доживеаа пораз со Динамо Загреб против Тотенхем од 0:2. Адеми заменет беше во самиот финиш од мечот, додека Ристовски го одигра комплетниот натпревар.

Претходно во дербито на вечерта одиграа Манчестер Јунајтед и Милан одиграа 1:1.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Ајакс – Јанг Бојс 3:0
Динамо Киев – Виљареал 0:2
Славија Прага – Ренџерс 1:1
Гранада – Молде 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…