Дома Трансфер зона Ливерпул ја одреди цената на Кутињо и ја шокира Барселона

Ливерпул ја одреди цената на Кутињо и ја шокира Барселона

Додека трае лецитацијата кој ќе го сруши светскиот трансфер рекорд, Килијан Мбапе или Нејмар, Ливерпул ја одреди цената на Кутињо, па Барса ќе треба да плати огромна сума доколку го сака Бразилецот.

Првата понуда на Барселона од 75 милиони евра експресно беше одбиена, Каталонците се спемни да ја подигнат понудата за уште 5 милиони евра, меѓутоа и тоа најверојатно ќе биде премалку.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Како што пренесува каталонски „Спорт“, Ливерпул ја одредил цената за Кутињо и за неговата слобода бара, ни помалку ни повеќе, 150 милиони евра!

Пазарот толку стана „луд“ во овој преоден рок, што сумата од 80 милиони евра веќе е премала за ѕвезди од светска класа.

Ливерпул во моментов нема финансиски проблеми и не е приморан да го продава Бразилецот, но самиот играч сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Раководството на „црвените“ нема намера да му стои на патот на фудбалерот, но само доколку Каталонците платат 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…