Ливерпул се вклучи во трката за потписот на централниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро, пишуваат медиумите на Островот.
Младиот француски дефанзивец важи за еден од најголемите таленти и за него силен интерес покажуваат уште Реал Мадрид и ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јоро е младински репрезентативец на Франција, а оваа сезона беше стандарден во тимот на Лил и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Лил е свесен дека нема да може да го задржи 18-годишниот дефанзивец и е спремен да го продаде на лето.
Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот, кој би требало да изнесува околу 50 милиони фунти.
🚨 Liverpool are working hard on a move to sign Leny Yoro from Lille.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 4, 2024
Like PSG, the Reds believe the 18-year old has his heart set on Real Madrid.
(Source: @GraemeBailey) pic.twitter.com/4CK8MrTq9G