Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард сака да го напушти клубот во летниот трансфер период.
24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, но одби да го продолжи договорот, па најверојатно ќе ја промени средината ова лето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интерес за Французинот покажуваат неколку европски клубови, а фаворит е Ливерпул, кој веќе почнал преговори со агентот.
Според „Билд“, Баерн за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати.
TRUE✅ The agents of Benjamin Pavard are already talking to Liverpool https://t.co/wbvcV2VknO
— Christian Falk (@cfbayern) June 10, 2023