Дома Топ вести Ливерпул тргнува по ѕвездата на Порто

Ливерпул тргнува по ѕвездата на Порто

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Луис Дијаз, пренесуваат медиумите на Островот.

Колумбискиот репрезентативец игра одлично во Порто и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Клоп е убеден дека Дијаз може да биде достојна замена на Мохамед Салах и Садио Мане, кои моментално се на Африканскиот Куп на нации. Поради тоа „црвените“ го сакаат Колумбиецот уште во јануари.

Сепак, Порто нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода бара 60 милиони евра, а Ливерпул се надева дека ќе ја намали таа цена преку преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…