Дома Трансфер зона Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.

Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…