Дома Трансфер зона Ливерпул спремен да плати 58 милиони евра за играчот кој блеска на ЕП

Ливерпул спремен да плати 58 милиони евра за играчот кој блеска на ЕП

Ливерпул е заинтересиран да го доведе играчот кој блесна на Европското првенство во Германија.

Како што пишуваат странските медиуми, „црвените“ покажале интерес за напаѓачот на Атлетик Никo Вилијамс за кого се подготвени да ja платат откупнаta клаузула од 58 милиони евра.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Покрај Ливерпул, за неговите услуги се заинтересирани уште Челзи и Барселона. Билбао би сакал да го задржи Вилијамс уште една сезона, но информациите од Шпанија наведуваат дека финансиската понуда ќе му отежне на шпанскиот клуб да го задржи во своите редови.

Овој 21-годишен играч минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања за Атлетик и постигна осум гола додавајќи 19 асистенции. За шпанската репрезентација постигна три гола на 17 натпревари.

Во случај Ливерпул да успее да го доведе Вилијамс тоа би значело веројатно заминување на Луис Дијаз кој претходно се поврзуваше со Барселона и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Така тоа го прави Марота: Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Eкипата на Интер соопшти дека полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински пристигнува во Ломб…