Дома Фудбал Англија Ливерпул со еден потег го навлече гневот, и Карагер удри во „црвените“

Ливерпул со еден потег го навлече гневот, и Карагер удри во „црвените“

Ливерпул одлучи да го искористи предлогот од англиската влада и сите вработени освен фудбалерите ги прати на принуден одмор.

Додека вработените се на одмор, англиската влада ќе покрива дури 80 проценти од платите на вработените додека останатите 20 проценти ќе ги покрие Ливерпул.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Англиските клубови иако имаа милијардери газди ги користат ваквите бенифиции, ги отпуштаат своите работници за државата да им плати, па ваквиот потег на Ливерпул го навлече гневот на англиската јавност.

Дури и легендата на клубот, Џејми Карагер упати жестоки критики до клубот од „Енфилд“.

„Јирген Клоп искажа сочувство за сите на почетокот на оваа пандемија, искусните играчи на тимот беа вклучени во кратењето на платите на фудбалерите во Премиер лигата. Потоа цел овој респект и добра волја е загубена. За жалење е овој Ливерпул“, порача Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан спрема трансфер „бомба“

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…