Aнглиските медиуми пренесуваат дека наскоро се би требало да биде завршено.
Како што стојат работите, Јирген Клоп во новата сезона би требало да влезе со нов напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго време Ливерпул е во потрага по класична „деветка“ која ќе ги исполни условите на Клоп, а потрагата изгледа ја завршија во Лајпциг.
Имено, Ливерпул од лето би требало да биде посилен за германскиот репрезентативец, Тим Вернер.
Од Ред Бул објавија дека нема да го пуштат Вернер да го напушти клубот како слобоен играч, а бидејќи има договор до летото наредната година јасно е дека ова лето ќе биде последна прилика да заработат од неговото заминување.
Се пишуваше за Баерн, но од поодамна и Ливерпул се доведува во врска со Вернер, бидејќи клубот многу го цени.
Изгледа дека „црвените“ ја победија конкуренција и се на чекор од договор со напаѓачот, после што ќе им остане да се договрат со Лајпциг, а се претпоставува дека тоа нема да биде проблем. Пред се поради тоа што Лајпциг повеќе би сакал да го продаде Вернер надвор од земјата токолку на ривал од Бундес лигата.
Се очекува Ливерпул за Вернер да плати околу 50 милиони евра што е сосема пристојна цена за 23 годишен напаѓач кој веќе покажа дека може многу и на интернационална сцена.