Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, потврди дека клубот одбил понуда од 75 милиони евра од Ливерпул за Наби Кеита.
Кеита е примарна желба на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и сака по секоја цена да го донесе играчот од Гвинеја на „Енфилд“, но Лајпциг нема намера да продаде еден од своите најдобри играчи.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Ние не ги продаваме играчите што се под договор само за профит. Добивме понуда од 75 милиони евра за Кеита, но нема шанса да го пуштиме, тој е под договор“, изјави Матешиц за „Билд“.
„Доколку го продадеме, тоа нема да биде само доказ на недоверба кон нашите навивачи, туку и ќе испратиме погрешен сигнал до останатите играчи, еден од нив е Тимо Вернер за кого добиваме понуди“, додаде Матешиц.
22-годишниот Кеита има договор со Лајпциг до 2020 година, но од следното лето во договорот ќе се активира откупна клаузула според која ќе може да си замине за 55 милиони евра.