Дома Фудбал Ливерпул очајно бара замена за Фабињо: Одбиена новата понуда за Андре

Ливерпул очајно бара замена за Фабињо: Одбиена новата понуда за Андре

Летово Ливерпул го напуштија досега десет играчи, од кои шест играчи од средниот ред.

„Црвените“ бараат засилување во средниот ред, а сега понудата од 30 милиони евра е одбиена од бразилскиот гигант.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Трансфер периодот за Ливерпул се уште не е завршен. Некои играчи заминаа, некои дојдоа, а шефовите на „Црвените“ сега работат да донесат уште еден играч од средниот ред на „Енфилд“.

Англискиот гигант летово го напуштија играчи од средниот ред како Фабињо, Хендерсон и Кеита, а конкретно во овој случај Ливерпул бара замена за Фабињо.

Бразилецот замина во Саудиска Арабија, поточно во Ал-Итихад, а негов сонародник може да биде негова замена во Ливерпул на позицијата дефанзивен играч за врска.

„Црвените“ за него инкасираа 45 милиони евра, а испратија понуда од 30 милиони евра до Флуминенсе во Бразил за 22-годишниот Андре Тринанде, но бразилскиот гигант ја одби таа сума.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Флуминенсе бара од Ливерпул да ја подобри понудата за уште 10 милиони, односно таа да изнесува 40 милиони евра.

Ќе видиме дали Ливерпул е подготвен за тој чекор. Бразилскиот клуб го кажа својот збор и нема намера да го пушти новиот бразилски репрезентативец да оди под таа цена.

Станува збор за фудбалер чија примарна позиција е дефанзивен играч за врска, но може да ги покрие и позициите централен и офанзивен играч за врска, што секако е голем плус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека е отворена постапка против турскиот херој …