Ливерпул и Арсенал се силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
Двата премиерлигаши се во потрага по квалитетен играч за врска и тоа ќе биде приоритет во летниот преоден рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.
Алжирецот неодамна го продолжи договорот со „росонерите“ до 2027 година, но во неговиот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Милан одбива да преговара за негова продажба, па заинтересираните клубови ако го сакаат ќе мора да ја платат откупната клаузула.