Момчето кое е син на поранешниот напаѓач на Италија, Енерико Чизе се наоѓа на метата на многу големи клубови, а Ливерпул е најмногу заинтересиран.
Цената е 70 милиони евра, Фиорентина нема да се откаже и да ја намали цената поради големиот интерес, а конкурентот Интер веќе излезе со понуда од 50 милиони и тројца фудбалери, но прашањето е дали тоа е доволно добро.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Ливерпул сега спрема понуда, „The Guardian“ денеска објави дека Ливерпул ќе оди во офанзива за овој млад напаѓач кој претходната сезона постигна 11 гола. Чизе има само 20 години, а претставува некој кој би можел да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот во иднина.
Вредноста на младиот напаѓач е огромна, но Ливерпул изгледа е спремен да ја плати оваа сума и да го доведе Италијанецот во своите редови.