Саутемптон го комплетираше трансферот на играчот на Ливерпул, Дани Ингс за 20 милиони евра.
26-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемптон каде одигра 24 натпревари во ПЛ и запиша 7 погодоци, а сега потпиша договор на три години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ингс во 2015. година пристигна во Ливерпул од Барнли за 6.5 милиони фунти, но за клубот од Енфилд одигра само 14 натпревари во ПЛ и постигна 3 гола.
„Чувството е прекрасно. Очигледно, со оглед дека овде поминав една сезона. Имаше многу подеми и падови во мојата кариера, со неколку мали повреди што резултираше со слаба игра во предсезоната.“
„Сега потпишав договор со Саутемптон и се чуствувам одлично. Едвај чекам да почне новата сезона.“ – изјави Ингс.
Ливерпул ќе заработи 18 милиони фунти веднаш, а уште 2 милиони ќе стигнат преку бонуси. Исто така, Црвените ќе добијат 20 проценти од следната продажба на Ингс.
Danny Ings completes £20m move from Liverpool to Southampton as striker signs three-year contract https://t.co/MntOtirGdG pic.twitter.com/XVxUllqlmz
— SportsGridUK (@Sportsgriduk) July 1, 2019