На „Енфлид“ ништо ново, повторно се зборува за титулата без разлика колку тие приказни се реални.
Трофејот во Премиер лигата се чека на „Енфилд“ од кога е основано ова натпреварување и скоро секоја сезона клубот влегува со амбиции да го освои, но сезоните во кои Ливерпул навистина е кандидат се навистина ретки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот капитен на „црвените“, Џејми Карагер смета дека неговиот клуб нема шанси да се вмеша во борбата за титулата.
„Ливерпул нема да ја освои титулата оваа сезона во тоа сум сигурен. Не знам дали некогаш ќе ја освои“, песмист беше Карагер.
После седум одиграни кола „црвените“ заостануваат седум бодови зад клубот од Манчестер, а на отварањето на осмото коло ќе го пречекаат својот најголем ривал.
Ливерпул последната титула ја освои во 1990 година, а во нивната понова историја најблиску до освојување беа во сезоната 2013/14 кога Луис Суарез го носеше овој клуб на својот „грб“, но поради познатото „лизгање“ на капитенот Стивен Џерард во натпреварот против Челзи, титулата ја освои тимот на Манчестер Сити.