Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.
Бремер веќе неколку сезони е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и столб на одбраната на „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Бразилецот во неговиот договор има откупна клаузула од 50 милиони фунти, сума која Ливерпул е спремен да ја ппати.
„Црвените“ наводно се спремни да му понудат и двојно повисока плата со цел да го убедат да се пресели на „Енфилд“, бидејќи во него гледаат идеален наследник на Ван Дајк чиј договор истекува на крајот на сезоната.