Младиот плејмејкер на Бреша, Сандро Тонали важи за еден од најголемите таленти на Апенините и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
18-годишниот Тонали неоадамна доби повик и од италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис се заинтересирани сите големи италијански клубови, но сега во трката за приклучи и Ливерпул.
Сопственикот на Бреша, Масимо Челино изјави дека англискиот клуб воспоставил контакт со него и наскоро ќе достави понуда за 18-годишниот фудбалер.
Тонали игра во Серија Б, па без ниту еден настап во Серија А би можел да се пресели во Премиер лигата.