Ливерпул веќе го договорил трансферот на големиот талент на Фулам, Фабио Карваљо, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените“ се обидоа да го комплетираат трансферот на Карваљо во последниот ден од зимскиот трансфер период, но не стигнаа на време да ја средат документацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
19-годишниот талент има договор со Фулам до крајот на сезоната, па на лето ќе биде слободен агент.
Интересот за него е голем од многу клубови ширум Европа, но Ливерпул веќе ја победил конкуренцијата.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените“ ја платиле договорената сума од 5 милиони финти и Карваљо веќе ставил потпис на договорот со Ливерпул.