Кога од Монако доаѓаше во Ливерпул за сума од 45 милиони евра, Фабињо во едно интервју за англиските медиуми вети дека се ќе направи еден ден Килијан Мбапе да дојде на „Енфилд“.
Меѓутоа овие денови се поставува прашањето дали и колку Бразилецот ќе остане во редовите на „црвените“ бидејќи понатаму е во втор план кај Јирген Клоп (настапи на пет натпревари).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега според „Л’Eкип“ Фабињо и Мбапе би можеле повторно да заиграат заедно, но не во Ливерпул како што најави Бразилецот, туку во ПСЖ.
Реномираниот француски медиум пишува дека „светците“ размислуваат за позајмица на Фабињо во јануари со право да го откупат неговиот договор во јануари.
Сепак, сега Фабињо би можел да добие шанса да покаже што знае поради згуснатиот распоред кој го чека тимот на Клоп во Премиер лигата.
Mercato: le PSG serait toujours sur Fabinho https://t.co/ZUatCpTX5Q pic.twitter.com/mrnCVjiBD1
— RMC Sport (@RMCsport) November 27, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=0a45BQbyNtk