Дома Фудбал Англија Ливерпул во јануари тргнува по дефанзивец – позната главната мета

Ливерпул во јануари тргнува по дефанзивец – позната главната мета

Ливерпул во саботата остана без Вирџил ван Дајк кој го очекува долга пауза откако ги скина лигаментите на коленото.

Ван Дајк се повреди на натпреварот против Евертон после дуелот со голманот Пикфорд, а после деталните прегледи беше потврдено дека ќе биде надвор од теренот 7-8 месеци. Работата да биде уште полоша за Црвените повреда заработи и Матип поради што Клоп остана само со еден стопер во екипата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул веќе тргнал во акција, а негова прва мета е Дајот Упамекано. Овој играч игра одлично во Лајпциг и беше изненадување што германскиот клуб успеа да го задржи ова лето.

Ливерпул ќе се обиде да го донесе Упамекано веќе во јануари, а неговата трансфер цена се проценува на 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …