Доминик Ливаковиќ во следниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Динамо Загреб.
Хрватскиот репрезентативец е врзан со договор со клубот од Загреб, но во неговиот договор има и клазула според која може да си замине за десет милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот новинар експерт за трансфер и дописник на „Марка“ и „ЕСПН“ открива дека во борба за Ливаковиќ се вклучил и Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант бара наследник на Давид Де Геа и изгледа да изборот паднал на Ливаковиќ.
„Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Виљареал ја следат ситуацијата со 28-годишниот Ливаковиќ. Тој веќе одби трансфер во Галатасарај“, тврди Конур.
Ливаковиќ е играч на Динамо од 2015 година и со овој тим освои пет титули шампион на Хрватска, а оваа сезона е блиску до шестата со „модрите“. Исто така е прв избор на селекторот Златко Далиќ во хрватската репрезентација.