Фудбалерите на Црвена Звезда и Динамо стигнаа до нови победи во Лигата на Европа и се приближија до пласман во наредната фаза.
Звезда славеше кај Гент со резултат 2:0. Тимот на Дејан Станковиќ до победата беше предводен од Неѓош Петровиќ кој погоди уште во првата минута и Милуновиќ кој противничката мрежа ја затресе во 58. минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Динамо Загреб на Арјан Адеми славеше на гости кај Волсбергер со 0:3. Адеми на теренот беше до 92. минута и запиша две асистенции.
Лил и Милан ремизираа 1:1. Милан до водство стигна преку Кастиљехо на стартот на второто полувреме, додека Бамба изедначи во 65. минута.
Арсенал беше убедлив во Норвешка против Молде со триумф од 0:3. Погодуваа Пепе, Нелсон и Балогун.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ
АЕК – Зорја 0:3
Брага – Лестер 3:3
ЦСКА Москва – Фејенорд 0:0
ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1
ЛАСК – Антверп 0:2
Либерец – Хофенхајм 0:2
Лил – Милан 1:1
Макаби Тел Алвив – Виљареал 1:1
Карабах – Сиваспор 2:3
Спарта Прага – Селтик 4:1